Научници на подрачјето на Јужниот пол, откриле глечер со големина на грчкиот остров Родос, кој е во фаза на постојано топење. Тие веруваат топењето е последица на изворот на жешката вода која се наоѓа под него.
Откритието е дело на тим на научници од Британскиот институт за Антарктикот. Проучувајќи го Антарктичкиот глечер на Јужниот пол, откриле извор на топлина која предизвикува масовно одвојување на огромните карпи лед.
Точката е три пати поголема од Лондон, а се наоѓа под матичната карпа која пак се наоѓа длабоко под површината на Земјата. Научниците користеле радар за да ја измерат дебелината на ледот.
Во процесот откриле и големи басени. Жешката точка влијае на топењето на ледот на подрачје со должина од 100 километри и ширина од 51 километар. Научниците сметата дека нема потреба од паника и дека жешката точка нема сила за да влијае на исчезнувањето на ледениот континент во блиска иднина.
Something Strange And Hot Is Lurking Beneath Antarctica’s Ice https://t.co/bl1YDOBsOS pic.twitter.com/8dnlv1XjCr
— Andrew’s News Hub (@AndrewsNewsHub) November 18, 2018
Се верува дека причина за топењето на глечерот е комбинација од радиоактивни карпи и топла вода кои доаѓаат од карпите кои се наоѓаат длабоко во земјата.
„Ова е навистина возбудлив проект. Го истражуваме делот од планетата за кој немаме доволен број на информации. Нашите резултати донекаде беа и неочекувани“, вели еден од водечките автори на студијата, доктор Том Џордан од Британскиот институт за Антарктикот.
South Pole: Rock ‘hotspot’ causes ice sheet to sag written by @BBCAmos features new study out this week https://t.co/iymEDmhuFi pic.twitter.com/7rgaphvzGL
— Antarctic Survey (@BAS_News) November 14, 2018
„Ние покажавме дека дури и во внатрешноста на древниот континент, слоевите под површината на земјата имаат значително влијание на ледот“, вели Џордан.
Со глобалните температури кои продолжуваат да растат, Антарктичкиот лед би можел да стане подложен на се поголемо топење. Во иднина тој вишок на вода во глечерите ќе го направи овој регион чувствителен на надворешните фактори, како што се климатските промени“, вели Џордан.
Тој смета дека топлината е генерирана од радиоактивни карпи во горниот дел на кората на земјата, како и од геотермалното затоплување на водата, која доаѓа од длабочините под земјата.
Текстот Радиоктивни карпи го топат Антарктикот, откриваат научници од Британски институт е превземен од Reporter.mk.