Раѓањето дете за спас на бракот?

Во момент на очај, сфаќајќи дека проблемите стануваат сѐ подлабоки, многу парови мислат дека детето е решение. Но, дали навистина е така?

Кога работите ќе тргнат низбрдо во бракот, може да ви падне на памет дека приновата ќе ве врзе вас и партнерот, дека тоа ќе го зајакне вашиот однос и ќе ве спаси од развод. Можеби изгледа логично, но раѓањето дете како лек за брачните проблеми е голема грешка и во тоа нема сомнеж.

Најдобриот совет што можеме да ви го дадеме врзан за оваа тема е да ги одложите плановите за раѓање дете, сѐ додека односот измеѓу вас и парнерот не се нормализира. Постојат многу аргументи за ваквиот совет. Ние ќе ви образложиме некои од нив.

Зошто не треба да родите дете, доколку односите со вашиот партнер се нарушени?

На прво место, детето треба да се роди во амбиент полн со љубов и почитување. Родителите долг период ќе бидат пример што децата ќе го следат, затоа во семејството треба да владее мир за детето емотивно да се развие на вистински начин, но и да се развие во силна личност и да биде стабилно. Доколку помеѓу родителите нема слога, многу е веројатно дека детето кога ќе порасне ќе има проблем при поврзувањето со други луѓе.

Доколку мислите дека односите ќе се подобрат со раѓањето на детето, гадно се лажете. Напротив, постои голема шанса да се влошат. За растење на детето, неопходно е родителите да бидат усогласени. Ова е голем предизвик, дури и за паровите кои не се во криза, а за оние ко имаат проблеми меѓусебно, ова е речиси невозможна мисија.

Нормално е повремено да има недоразбирања околу методите за воспитување на детето, но, сепак, овие недоразбирања лесно се надминуваат доколку партнерите се сакаат и добро се согласуваат. Кога се работи за партнерите кои имаат лоша комуникација, недоразбирањата можат да се претворат во вистинска војна, при што детето ќе биде сведок на чести кавги. Затоа, пред да се одлучите да имате дете, уверете се дека имате добра комуникација со партнерот и дека недоразбирањата успешно ги решавате со разговор.

Последиците што ги трпи детето кое расте без љубов

Доколку навистина сакате да го спасите својот брак, побарајте друго решение. Едно од најдоборите решенија е заедно со партнерот да отидете на терапија кај брачен советник, кој ќе ви помогне при развивањето техники за подобра комуникација и изразување на емоциите. Откако ќе ги решите проблемите што ги имате во бракот, можете да размислувате околу тоа да почнете да работите на приновата.

Доколку не успеете да го распламнете љубовниот жар, доколку сте свесни дека сте дошле до точка каде врската не може да биде обновена и нема иднина за вашиот брак, наоружајте се со храброст, сила и трпение и тргнете по посебен пат од личноста за која сте мислеле дека е вашата сродна душа.

Доколку ги занемарите нашите совети и се решите сепак да забремените за да ги решите брачните проблеми, едниствено во што ќе успеете е тоа што ќе донесете дете на свет, кое ќе расте во напнат амбиент, полн со фрустрации кои подоцна ќе се пренесат на него.

Сигурно и по раѓањето на детето ќе посакате развод, но тогаш реченицата што ќе ви падне на памет ќе биде: „Нема тоа да го направам поради детето“. Со тоа ќе ја продолжите агонијата, а исходот веројатно ќе биде ист. За тоа време, вашето дете ќе живее во дом каде што владеат кавги, лоши вибрации, нервоза, фрустрации и ќе расте во дом каде што нема љубов.

Текстот Раѓањето дете за спас на бракот? е превземен од Reporter.mk.