Раскинале млади, а си ветиле дека ќе се венчаат ако останат сами на 40 години

Четириесет и петгодишната Мари Гордон и нејзиното две години помладо момче Рајс Меклелан се разделиле во младоста со договор дека ќе се венчаат во четириесеттите години ако останат сами. Судбината ги „помешала картите“ и ги споила по точно две децении.

По нивната случајна средба во 2015 година, тие повторно почнале да се дружат, се заљубиле и на крај се венчале на 25 март во 2017 година во Единбург. Ваквата средба не би била нешто посебно значајна доколку во далечната 1995 година, кога се разделиле, двајцата не се договориле да се венчаат доколку бидат сами на 40 години од животот.

„Никогаш нема да го заборавам денот кога раскинавме. Се сеќавам точно на разговорот што го имавме, ако и двајцата бидеме сами на 40 години, повторно да се поврземе и да се венчаме. И понатаму не можам да верувам дека  го направивме тоа“, ја прераскажува својата приказна шминкерката Мари.

За Рајс таа вели дека е љубовта на нејзиниот живот. Истото важи и за неа. Првпат по раскинувањето се сретнале во 2009 година.

„Со една моја пријателка отидов на модна ревија организирана водобротворни цели. Рајс волонтирал во тоа добротворно друштво и работел на ревијата. Се сретнавме и по ревијата сите заедно отидовме на пијалак. Меѓу нас повторно се појави искра. Но во тој момент и двајцата бевме во врска и ниту тој ниту јас не сакавме нешто да преземеме. Јас тогаш живеев во Корнвол, а тој во Единбург“, се присетува Мари.

Три години по средбата со Рајс, Мари ја прекинала врската долга 12 години и се преселила во Единбург. Ниту еден од нив  не се венчал или имал деца во текот на тие години. Рајс имал повеќе кратки врски, но повеќето време го минал сам.

„Еден ден ги сретнав неговата мајка и сестра и ги прашав за неговиот број. Се најдовме на пијалак и беше убаво, но јас страдав поради разделбата со поранешното момче. Години подоцна дознав дека мајка му на Рајс има рак и дека е во болница. Го повикав и полека почнавме да се зближуваме. Неколку месеци подоцна почнавме да излегуваме. Се чувствував несигурно и брзо ја прекинав врската, иако повторно се заљубив. Ми беше страв повторно некој да не ме повреди“, објаснува Мари.

Во 2015 година, Рајс и Мари се одлучиле повторно да влезат во врска и да си дадат шанса еден на друг.

„Недолго потоа кога имавме уште една случајна средба, доживеав несреќа на работа во која си го повредив коленото. Рајс беше целото тоа време со мене. Зборувавме, ме засмејуваше. Одеше до продавница за мене, дури и ми ги подготвуваше оброците. Сфатив дека тој е точно оној маж каков што отсекогаш сум го посакувала и дека никогаш во целост не сум прекинала да го сакам. Следната година се свршивме, а на 25 март 2017 година конечно станавме маж и жена. Сакавме тоа да се случи на ден пред годишнината од смртта на мојата мајка, но немаше слободни термини. Често се присетувам на неа затоа што таа секогаш ми говореше дека тоа што е за мен, нема да мине покрај мене, а јас истото да не го забележам. И беше така“, заклучува Мари.

Текстот Раскинале млади, а си ветиле дека ќе се венчаат ако останат сами на 40 години е превземен од Reporter.mk.