Река од чоколадо се излеа во германскиот град Верел

Пожарникарите од германскиот град Верл добиле невообичаен повик за помош – да измијат еден тон течно чоколадо од една улица. Проблемот настанал кога од една од локалните фабрики за чоколадо, поради технички проблеми, се излило течно чоколадо.

„Околу тон течно чоколадо се излеа во дворот на фабриката за производство на чоколади, а потоа густата слатка маса истекла на улица“, изјави портпаролот на противпожарната служба во Верл.

Пожарникарите биле принудени да затворат мал дел од градот за да ја исчистат чоколадната река. Потоа една компанија дополнително ја чистела лизгавата улица.

„Покрај незапаметената трагедија што го погоди нашиот град, Верл нема да остане без чоколадни бонбони, чоколади и други слатки за Божиќ“, истакнува еден од пожарникарите.

 

Текстот Река од чоколадо се излеа во германскиот град Верел е превземен од Reporter.mk.