Родителите на првата дама на САД, Меланија Трамп, и официјално станаа американски државјани. Тие добија државјанство вчера во Њујорк. Минаа низ процесот на верижна миграција, која претседателот Доналд Трамп сака да ја прекине.
„Во процесот на добивање американско државјанство им помогна ќерка им Меланија Трамп. Кога ја добиле зелената карта, се пријавија за државјанство затоа што имаа право на тоа“, изјавил нивниот адвокат Мајкл Вилдес за „Њујорк тајмс“.
Мигрантите што се државјани на САД или имаат дозвола за престој мора да имаат поддршка и помош, односно спонзорство, од некој свој роднина. На пример, помош од родители, браќа или сестри. Ова често се смета за верижна миграција.
На прашањето дали Виктор и Амалија Кнавс добиле државјанство преку таквите методи, Вилдес изјавил: Мислам дека да. Но, многу е неблагодарно ваквиот процес да се нарекува со тоа име. Тоа е темел на нашиот имиграциски процес кога се работи за спојување на семејството“.
Меланија Трамп пристигна во САД во 1996 година, а Трамп го запознала две години подоцна. Добила зелена карта во 2001 година, а во 2006 година станала државјанка на САД.
Мора да мине период од пет години пред сопствениците на зелена карта станат државјани, пренесува „Дејли мејл“.
Трамп предложил да се прекине овој процес на миграција кога американските државјани се таканаречени спонзори на членовите на своите семејства, кои сакаат да се преселат во САД.
Тоа е дел од неговиот план за имиграциска реформа. Тој своевремено го нарекол пат преку кој терористите може да влезат во земјата.
„Верижната миграција не може да биде дозволена и не смее да биде дел од кој било закон за миграција“, напишал Трамп на својот твитер-налог во септември 2017 година.
Виктор и Амалија Кнавс стигнале во федералната зграда на Менхетн во четвртокот попладнето. Со нив имало и обезбедување.
Таткото на Меланија носел темно сако и сина вратоврска. Нејзината мајка носела светло розов костим и бела кошула.
Адвокатот рекол дека заклетвата ја положиле за време на церемонијата од безбедносни причини. И двајцата ја држеле раката на срцето додека ја положувале заклетвата.
Текстот Родителите на Меланија Трамп станаа американски државјани е превземен од Reporter.mk.