Светската музичка ѕвезда Ману Чао вечерва одржа одличен анплагд концерт во Скопје. Само 24 часа откако организаторот „Пасворд продукција“ го најави неговото гостување, тој го наполни МКЦ со фанови од сите возрасти. Во публиката имаше тинејџери, родители со деца и постари луѓе. Тие во текот на целиот концерт играа, аплаудираа и по секоја песна го бодреа Ману Чао.
„Фала Скопје“, се заблагодари неколкупати музичарот на македонски јазик.
И тој се забавуваше со публиката, па додаде: „Се надевам дека наскоро ќе дојдам тука со мојот бенд. Секогаш си поминувам одлично во Македонија“, рече популарниот музичар кој овојпат настапи сам, а песните ги свиреше на гитара, па тие звучеа многу поинаку од она што сме навикнале да слушаме од него.
Неговиот концерт вчера беше најавен како „вонредна вест“, бесплатна свирка и подарок од организаторите за неговите фанови по повод 20. издание на „Таксират“. Популаниот музичар неколкупари досега настапувал во Македонија. Неговиот последен настап кај нас беше на „Д фестивал“ во Дојран пред три месеци.
Сандра Бошковска
Текстот Родителите со деца дојдоа да го слушаат Ману Чао, на концертот во Скопје светскиот музичар ги спои генерациите е превземен од Reporter.mk.