Со свеќи наредени во форма на срце, со бели и црвени балони, момче ја запроси својата девојка на плоштадот во Скопје. Тој клекна на колена пред пријателите и пред сите гости на „Винтерленд“, додека во позадина свиреше песната All of Me на Џон Леџенд.
Сликите од романтичното запросување среде Скопје се споделуваат на социјалните мрежи, а коментарите на Фејсбук и на Твитер се дека љубовта е се што ни треба за среќа.
Текстот Романтично запросување на „Винтерленд“ во Скопје е превземен од Reporter.mk.