Во Русија постојат курсеви на кои спонзорушите учат како да „уловат“ мажи милионери.
Иако наводно не ги полагаат курсевите исклучиво за пари, фактот дека такви курсеви воопошто постојат, доволно говори само по себе.
Една од девојките која успешно ја завршила обуката, истканува дека пред 10 години станала жена милионер и дека со задоволство ги троши неговите пари.
На часовите, посетителите учат каде можат да најдат богати мажи и како да се однесуваат во нивниот двор, а исто така и како да работите во спалната соба ги направат и повеќе од забавни.
Ваквите курсеви не се нималку евтини, затоа што чинат по неколку стотина долари, колку што изнесува и месечната плата на некои Руси.
Поедини посетители можат само да се надеваат дека од овие курсеви ќе добијат и евтини адвокати за развод.
За разлика од девојките кои минуваат посебна обука за да „уловат“ богати мажи, тие кои во тоа веќе успеале и останале во блажена состојба, во последно време масовно заминуваат во Мајами, за да таму по пораѓањето добијат државјанство.
„Семеијниот туризам нуди сместување по многу високи цени, а се повеќе идни мајки на кои цената не им е проблем, им претставува најлесен начин да дојдат до американското државјанство.