Руски фудбалер ја побара за жена внуката на Борис Елцин

Рускиот фудбалер Фјодор Смолов ја побарал за жена внуката на поранешниот руски претседател Борис Елцин, Марија Јумашева. Двајцата се во врска веќе подолго време, а планираат да се венчаат на островот Сант Барт на Карибите.

Фудбалерот на Локомотив за медиумите изјави дека ќе почекаат за венчавката сè додека Марија не наполни 18 години. Смолов во Русија е познат како плејбој ѕвезда. Тој претходно беше во врска со манекенката и телевизиска водителка Викторија Лупирева. Се разделија во 2015 година.

Текстот Руски фудбалер ја побара за жена внуката на Борис Елцин е превземен од Reporter.mk.