Руски историчар ја убил 40 години помладата љубовница

Познатиот руски историчар Олег Соколов, го признал убиството на неговата 23 годишна љубовница Анастасија Јешченко. Тој признал на полицијата, велејќи дека жали за стореното дело, изјавил неговиот адвокат.

Полицијата го фатила Олег како се обидува да ги сокрие доказите. Во моментите кога бил уапсен тој бил под дејство на алкохол. Полицијата вели дека го фатиле како се обидува да ја фрли торбата во која нашле делови од горните екстремитети на Анастасија. Олег се обидел да се ослободи од доказите фрлајќи ги во река.

По направената истрага во неговиот стан, полицијата го нашла телото на Анастасија целото распарчено. Соколов дека ја убил Јешченко по нивната жестока расправија. Вели дека ѝ ги отсекол главата, рацете и нозете.

Професорот е познат експерт за Наполеон, а добитник е на престижната француска награда Легија на честа.

Текстот Руски историчар ја убил 40 години помладата љубовница е превземен од Reporter.mk.