Руски милијардер ја нашол ќерката мртва, се предозирала од популарна тинејџерска дрога

Рускиот милијардер Игор Цуканов го пронашол мртвото тело на својата ќерка, 17-годишната Катја, во нивниот замок во Лондон. Се верува дека таа се предозирала со најпопуларната дрога меѓу тинејџерите, позната како „Келвин Клајн“. Оваа дрига е мешавина од кокаин и кетамин, пишуваат британските весници.

Катја важела за една од најталентираните млади музичарки во Британија. Таа свирела виолина и имала концерт во Кралската опера само неколку дена пред да умре. Непосредно пред смртта се забавувала со пријателите, а ѝ се слошило во нејзината вила во Кенгсинтон, западниот дел од Лондон. Веднаш била однесена во болница, но лекарите само констатирале смрт.

Цуканов со сопругата Наташа во 1990-те години се преселил од Русија во Лондон. Таму се родила и Катја.

„Беше толку паметна девојка, но направила еден погрешен избор. Што може да направи родителот? Децата и така ќе го прават тоа што го сакаат и никогаш нема да ви ја кажат вистината“, рекол рускиот богаташ.

 

Нејзините другари откриле дека не било првпат таа да земе дрога. Според нив, дрогата „Келвин Клајн“ е толку популарна меѓу тинејџерите, што ноќниот живот во Лондон не може да се замисли без неа.

Текстот Руски милијардер ја нашол ќерката мртва, се предозирала од популарна тинејџерска дрога е превземен од Reporter.mk.