Рускиот народ се крена на протестни акции против високите цени на горивата. Локалните политичари од Камачатка, Михаил Пучковски во знак на протест против виските цени го продал својот автомобил и купил коњ. Сега животното го користи како превозно средство до работа.
Полицијата навоно го укорила поради тоа, затоа што на едно официјално лице ваквото однесување не му доликува.
„Откако дојде на седница, веднаш добив повик да се појавам на судење за административен прекршок“, изјавил Пучковски, пренесува ТАСС.
Сепак Пучковски продолжува да протестира против зголемените цени на горивата. Тој вели дека не е единствениот случај кој својот протест го искажува со јавање на коњ низ градот.
„Со зголеменото ДДВ, нафтата ќе добие астрономски цени, а Камчатка ќе биде на ивица на опстанокот, особено пензионерите.
Многу Руси излегле низ улиците за да го искажат својот бес и тврдат дека Русија повеќе се грижи за извозот на своите енергенси, отколку што се грижи за својот пазар.
Министрите на Путин изјавиле дека владата вовела чекори за да го прекине порастот на цените и ветила понатамошни мерки за стабилизација.