Рускиот режисер Сергеј Карпухин ќе снима филм за љубовта на големиот изумител Никола Тесла. За улогата на научникот, Сергеј го ангажирал актерот Жељко Димиќ, во Холивуд познат како Џек Демиќ, кој е ученик на Ал Пачино.
„Филмот веројатно ќе се снима следната година на англиски јазик, а ќе има неколку дијалози и на српски јазик. Тесла бил во врска со Кетрин Џонс, која била жена на негов најдобар пријател. Тие се сакале, а тоа било повеќе од платонска љубов“, изјавил Жељко Димиќ, актерот кој ќе го игра Тесла.
Рускиот режисер е веќе автор на документарецот за Никола Тесла „Зраците на смрт“, а за Димиќ ова ќе биде трет пат да игра како научник.
„Бев фасциниран од неговото детство. Тесла е со потекло од селото Смилјан, од Лика во Хрватска. Селото е во близина на Госпиќ, а и јас потекнувам од тој крај. Осум месеци работев на неговиот карактер и сеуште мислам дека не сум целосно подготвен за улогата. Неговиот лик е комплексен“, открива Димиќ.
Никола Тесла никогаш не се женел, а преку Лазе Костиќ сакале да му договорат брак со Ленка Дунџерски.
Актерот Димиќ завршил на Институтот за филм и театар Li Strazberg, а модератор му бил холивудскиот актер Ал Пачино.
„Пачино се однесуваше кон мене, како да имаме пораснато заедно, а не како човек кој добил два Оскара. Од него научив дека колку си поголем и признат актер, толку повеќе се однесуваш човечки кон колегите кои допрва се борат за позицијата која ти ја имаш“, изјавил Димиќ.
Текстот Руски режисер ќе снима љубовен филм за Никола Тесла е превземен од Reporter.mk.