Денес, кога технологијата ни е на дланка, сѐ побројни се виртуелните запознавања на социјалните мрежи. Оттука, се појави и терминот сајбер-секс. А со него и дилемата дали ако се допишувате со друга личност изневерувате или не?
Што е сајбер-секс?
Сајбер-сексот е сѐ популарен, а некои од причините зошто толку се користи e тоа што не постои никаков ризик од бременост, полово преносливи болести, како и тоа што вашиот партнер тешко може да ве фати. И во случај да ве открие, сепак не може да ве обвини за неверство бидејќи вие само седите дома и се допишувате со некој.
Дали постои сајбер-неверство?
Вистинското прашање е дали воопшто постои сајбер-неверство? Сѐ се одигрува во вашата куќа, но на тастатура, тоа е некој што не е присутен покрај вас, никој физички не се допира (освен тастатурата) и нема никакви траги на неверство. Вие можеби и не знаете како другата личност навистина изгледа и како се вика. Но, најбитно од сѐ е тоа дека вашата фантазија работи.
Неверство сепак постои
Постои мислиење дека неверството во мислите е полошо од физичкото. Дилемата дали е непримерно да фантазирате и да лажете, е стара колку и човештвото. Затоа и виртуелниот секс може да се разгледува од две страни – како видео игра на две непознати личности, но и како неверство или барем како вовед во вистинско неверство.
Денес сајбер-сексот е поопасен отколку пред неколку години
Секоја година техниката сѐ повеќе напредува, а со тоа и комуникацијата преку интернет. Затоа сајбер-сексот станува сѐ пореален, а освен допишувањето можете да ги користите и камерата, слушалките и микрофонот за вербална комуникација со виртуелниот партнер. Во вирутелниот свет нема физички допири, но затоа фаназијата и допишувањето односно зборувањето многу повеќе возбудува од самиот сексуален чин. Ако партнерот ве фати „на дело“ секогаш можете да се извадите на тоа дека сајбер-сексот е исто како да сте сонувале дека имате секс со колегата, колешката, комшијата, докторот… Но, не е така едноставно. Докажано е дека луѓето што немаат исполнет љубовен живот почесто се зад комјутерот и така бегаат од реалноста, а сето тоа води кон отуѓување и нарушување на односите.
Партнерот е почесто зад компјутерот
Ако забележите дека вашиот партнер често седи пред комјутерот, немојте да му купувате парфем, секси долна облека или нова камера за да му свртите вниманието, туку сериозно разговарајте околу проблемот. А ако ве убедува дека тоа е само игра и дека не ве изневерува, тогаш запрашајте го дали можеби така се лаже себеси?!
Текстот Сајбер-секс во бракот – неверство или не? е превземен од Reporter.mk.