Сајтот за запознавање „Бјутифул пипл“ од нивна веб-страница исфрлил околу девет милиони корисници оти не биле убави. Од неодамна сопствениците на сајтот имаат нова опција, најпрво да ги прегледаат сликите на новите луѓе, а дури потоа да им одобрат членство. Оттаму, за американските медиуми рекле дека ги исфрлиле грдите членови откако голем број корисници на сајтот оставале коментари дека не сакаат да гледаат грди лица на сајт за убави луѓе.
Оние што се отстранети заради својот изглед може да побараат рефундирање средствата што ги платиле ѕа членство (35 долари), а им даваат и опција да им закажат консултација со пластичен хирург кој ќе им каже на „протераните“ што треба да поправат со себе за да бидат прифатени во клубот за запознавање.
Една од нив, Наташа Џонсон, побарала совет пред да го промени својот изглед, па хирургот ѝ рекол дека е убава, ама дека има маснотии на стомакот, струкот и стрии на нозете.
Основачот на сајтот, Грег Хоџ, вели дека нема ништо спорно во тоа што избришале 9 милиони луѓе од нивната платформа.
„По осум години работа на овој сајт решив да го разгледам како корисник, а не како сопственик, и верувајте не се чувствував пријатно кога на сајтот има толку грди луѓе. Не сакав да прифатам дека е тоа друштво кое мене ми следува. Ангажирав гласање од страна на самите членови за тоа кој не треба да биде тука, потоа пластичен хирург кој дава совети, со цел да создадеме друштво на луѓе кои бараат запознавање со други, а кои се убави“, рекол тој.
Дел од избрканите членови од сајтот наместо да бараат рефундирање на парите, рекле дека ќе го тужат Хоџ за навреда, оти не се чувствуваат грди.
Текстот Сајт за запознавање исклучи милиони корисници оти биле грди е превземен од Reporter.mk.