Во наредниот период одењето во фризерските салони треба да се избегнува, како одговорност кон себе и другите. Но, тоа не значи дека мораме да се запоставиме, туку можеме и сами да ја одржуваме фризурата.
Потребно е да ја набавите соодветната боја за домашна употреба. Поголемите промени во бојата на коса не се препорачува да се прават дома, туку тоа оставете го за во фризерските салони.
Кај домашното боење на косата се препорачува да останете до две нијанси посветла или потемна боја, или да останете со истата боја. Реултатот на боењето ќе биде меѓу природната боја и фотките на кутијата со боја за коса.
Доколку сакате само да ја освежите фризурата со неколку нови прамени, и за тоа постои едноставен домашен трик. Бојата најлесно и најпрецизно ќе ја нанесете со помош на чиста четкичка за заби или четкичка од маскара. На тој начин ќе добиете децидни прамени кои ќе ја оживеат и разубават фризурата.
Прамените немојте да ги правите густи, тук ретки, на местата каде сонцето би паѓало на косата, кај челото и патецот.
Текстот Сама свој фризер: Најлесниот трик за боење на прамените дома е превземен од Reporter.mk.