Во склоп на Сараевскиот фестивал на туризам беа подготвени 14.186 палачинки, со што е соборен Гинисовиот рекорд, бидејќи направени се 1.470 палачинки повеќе во однос на стариот рекорд од Москва кој изнесуваше 12.716 палачинки.
За резултатот заслужни се Здружението на готвачи од БиХ и клуб на љубители на палачинки.
– Сакавме да го привлечеме вниманието на БиХ и младите готвачи, но немаше да постигнеме ништо без помош на повозрасните колеги и колегите од другите земји – изјавил претседателот на здруженнито во БиХ, Нермин Хоџиќ.
Екипа од над 100 луѓе осум часа без прекин работеле на овој потфат. Годинава на саемот во БиХ се претставиле 70 изложувачи од Црна Гора, Хрватска, Македонија, Турција, Индија и БиХ.
Текстот Сараевски готвачи соборија Гинисов рекорд со 14.186 палачинки е превземен од Reporter.mk.