За еден месец Загреб ќе добие уште едно супер место за посета – Музеј на чоколадото.
На официјалната Фејсбук страница на новиот музеј, веќе има позитивни коментари за идејата, а многумина нестпливо го чекаат крајот на октомври за да го посетат местото . Како е наведено на страницата, на посетителите ќе им понудат незаборавно искуство.
„Музеј на чоколадото Загреб е тематски парк посветен на чоколадото, нејзината историја, географско и културолошко значење. Преку креативен пристап, посетителите ќе ги однесеме на пат низ времето и просторот, надразнувајќи го сетилото за вид, мирис, допир, слух и секако вкус. На сите љубители на чоколадото во продавницата на Музејот им нудиме можост и да купат некои од производите од асортиманите на малите хрватските чоколатерии. Сакаме да ги поврземе вистинските љубители на чоколадото со искусните произведувачи на оваа неверојатна намирница“, се вели во описот.
Сите љубопитни посетители ќе имаат и едукација како да препознаат вистинско чоколадо.
Пред неколку дена на истата страна беше поставен и оглас за работа на повеќе позиции – водич на посетителите, водење на работилници со чоколадо, работа во продавницата во рамки на музејот, за што претходно ќе имаат и соодветна обука, а искуство не е потребно. За оние што не можат да живеат без чоколадо – работа од соништата.
Со овој музеј, Хрватска им се приклучува на Швајцарија, Германија, Белгија, Австрија, Франција, Унгарија.
Текстот Се отвара Музеј на чоколадо во Загреб е превземен од Reporter.mk.