Мостот долг 55 километри кој ги спојува Хонгконг и Макао со континентална Кина конечно ќе биде отворен неделава.
Мостот е вреден 20 милијарди долари, а изградбата почна пред девет години. Конечно ќе биде отворен оваа недела и така ќе стане најдолгиот мост преку море на светот.
На свеченоста по повод отворањето на мостот во Жухају ќе присуствува и кинескиот претседател Си Џинпинг, заедно со највисоките функционери на Хонгконг и Макао, а во среда ќе биде отворен и за сообраќај.
Мостот требаше да започне со работа уште во 2016 година, но поради непланирани градежни дејствија тоа е одложено.
Мостот ќе поврзува 11 градови во кои вкупно живеат 68 милиони луѓе. Сега од Хонгконг до Макао ќе се патува за само 3,5 часа.
Интересно е дека имаше луѓе кои ја критикуваа изградбата на мостот, бидејќи тој ќе поттикне зголемување на бројот на туристи во Хонгконг, град кој и онака има големи проблеми да се избори со огромниот број на посетители, бидејќи годишно Хонгконг го посетуваат и до 57 милиони туристи.
Текстот Се отвора најдолгиот мост преку море е превземен од Reporter.mk.