Најмалку тројца луѓе загинаа, а 30 се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи на автопатот кај Лесковац во 1 часот и 40 минути по полноќ, јави РТС. Автобусот кој патувал од Скопје кон Белград се превртел откако возачот не успеал да воспостави контрола на лизгавиот автопат. Според РТС, станува збор за прилепски автобус, кој патувал кон Виена.
Екипи на брза помош од Лесковац и Ниш пристигнале на местото на несреќата. Повредените патници се пренесени во болниците во овие два града, а сите повредени, од кои некои потешко, се надвор од животна опсаност.
Текстот Се преврте македонски автобус во Србија – тројца загинаа, 30 повредени е превземен од Reporter.mk.