Шише вино „Романе-конти” од 1945 година е продадено за 558.000 долари што е рекордна цена, а продажбата била на аукција во Њујорк.
На аукцијата е срушен претходниот светски рекорд од 233.000 долари за шише вино „Шато лафит ротшилд“ од 1869 година што било продадено на аукција во Хонгконг во 2010 година.
Конечната цена на шишето вино „Романе-конти” е за 17 пати повисока од првобитната проценка од 32.000 долари. Тоа шише е едно од 600 примероци произведени во 1945 година.
„Романе конти“ често се смета за најдоброто вино во Бургундија, а можеби и за најугледно вино во светот.
Винаријата во која се произведува се наоѓа на парцела помала од два хектари каде денеска се произведуваат меѓу пет и шест илјади шишиња годишно.
Текстот Се продаде шише вино за 558.000 илјади долари е превземен од Reporter.mk.