Островот Пебл кој од 1869 година е во сопственот на семејството Дин, сакаат да го продадат, заедно со целата колонија пингвини кои живеат таму.
Островот е дел од Фолкландските Острови и има 6,5 километри долга плажа. Сем Харис, праправнукот на оригиналниот купувач, вели дека повеќе не го сака островот ѝ сака да се ослободи од него.
На островот живеат пет различни пинвин, 42 вида птици, морски лавови, 6.000 овци и 125 крави.
„Тоа е неверојатно место. За жал, стана претешко за управување“, изјави 42-годишниот Харис.
Семејството Дин било сопственик и на останатите острови од оваа област. Низ годините ги продале сите острови, задржувајќи го само Пебл. Никој од семејството не живее на островот од 50-ите години на минатиот век и со него управува мајка му на Харис, која е во Велика Британија.
„Јас и мојата сопруга првпат бевме таму во 2011 година и блиску сме поврзани со него. Сме зборувале да живееме таму, но тоа беше пред да добиеме деца. Ова беше тешка одлука, но моите родители веќе не можат да управуваат со островот“, вели Харис.
На овој остров се случила и првата копнена борба за време на Фолкландската војна во 1982 година.
Текстот Се продава цел британски остров со се колонијата пингвини кои живеат на него е превземен од Reporter.mk.