Колата во која во 1996 година беше убиен раперот Тупак Шакур во Лас Вегас, „бе-ем-ве“ 750ил, се продава за 1.750.000 долари. Таа веќе беше понудена на аукција во 2017 година, дури и поевтино од сега, за 1,5 милиони американски долари, но тогаш не беше продадена.
Откако Тупак беше убиен, ова „бе-ем-ве“смени неколку сопственици. Автомобилот е комплетно реставриран, сите куршуми се отстранети, а и шофершајбнатае заменета. Иако колата е во одлична форма, без дупките од куршуми изгледа како и сите други 750ил од тој период.
Инаку, во 2017 година, „хамерот Х1“, кој исто така му припаѓаше на Тупак, се продаде на аукција за 205.531 долари.
Текстот Се продава колата во која е убиен Тупак е превземен од Reporter.mk.