Се продаваат знамињата што Нил Армстронг ги носел на Месечината

Над 2.000 предмети што му припаѓале на Нил Армстронг, вклучувајќи ги и знамињата што ги носел на мисијата на Месечината, ќе се продаваат на аукција во Далас. Првиот човек што стапнал на Месечината поседувал огромна колекција, а некои од работите имаат и историска вредност. Меѓу предметите е и големо американско знаме што било во ракетата, но не било ставено на површината на Месечината. Неговата вредност е проценета на 75.000 долари.

Синовите на Армстронг дознале што сè поседувал татко им по неговата смрт во 2012 година. Некои предмети од колекцијата на астронаутот веќе се донирани на музејот „Смитсонијан“ и на музејот на вселената „Армстронг“ во неговиот роден град Вапаконета, Охајо.

Текстот Се продаваат знамињата што Нил Армстронг ги носел на Месечината е превземен од Reporter.mk.