Бразилка која е родена без матка стана првата жена во светот која родила живо и здраво дете од трансплантирана матка на почината жена, пишува „Индепендент“.
Ова е прв ваков случај забележан во светот, истакнале лекарите и научниците и додале дека ова дава надеж за сите оние жени кои се борат со неплодноста.
Раѓањето на ова девојче значително ја проширува можноста за третман на сите двојки кои досега без успех се обидувале да добијат потомство.
Слични оперативни зафати веќе се применувани во Шведска и Америка, но досега секогаш се работело за матка добиена од жив донор.
Сите досегашни 10 обиди извршени во САД, Чешка и Турција, каде лекарите се обиделе да извршат пресадување на матката, од починат донор, завршиле неуспешно. Пресврт е овој случај во Бразил.
Мајката на девојчето е 32-годишна анонимна жена, која поради реткото генетско нарушување е родена без матка. Во 2016 година во клиниката Сао Паоло ѝ е пресадена матка од 45-годишна донорка која починала од излевање на крв во мозокот. Оперативниот зафат траел речиси 11 часа.
По седум месеци од извршената трансплатација, во нејзината матка се всадени осум оплодени јајце клетки. Девојчето е родено со царски рез во 35. недела и тежи 2550 грама.
Текстот Се роди првото бебе од трансплатирана матка на почината жена е превземен од Reporter.mk.