Седум пријателки од Кина неколку години се договарале да живеат заедно кога ќе остарат, ама решиле дека не треба да чекаат 30 години за тоа и неодамна купиле заедничка куќа. За кинеските медиуми, девојките рекле дека се познаваат повеќе од 20 години, а куќата во која живеат сега, ама и откога ќе се пензионираат била единственото решение за да бидат постојано заедно.
Куќата, која се наоѓа во близина на градот Гванжу, ги чинела околу 580.000 долари. Таа е модерна, на три ката, со заеднички стамбен простор во приземјето и приватни спални соби на спрат. Жените си ги поделиле обврските, па едната готви, друга се занимава со традиционална кинеска медицина, трета со градинарство.
„Сето ова е за пред време да се подготвиме за пензионерските денови“, рекле тие.
Текстот Седум другарки си купиле куќа за да живеат заедно кога ќе остарат е превземен од Reporter.mk.