Седум начини како да престанете да се чувствувате мрзливо

Дали се чувствувате мрзливо и бескорисно?

Ќе ви кажеме како да се носите со ова чувство на брзвредност. За среќа, тоа е само честа замка на размислување која нема никаква врска со реалноста.

Забележете сѐ што правите

Она не е листа на обврски за денот – сега ова за вас е само уште едно средство и причина за да се раздвижите. Наместо да закажувате, пробајте да направите што сѐ сте правеле денес. Погодни се сите часови: се пробудив во 9.00, од 10.00 до 13.00 играв видео игри, од 14.00 до 19.00 гледав ТВ емисии.

Ова е неопходно за да сфатите на што губите време. Можете да се испостави дека во текот на „бескорисното“ лежење на каучот се успеале да ја пуштите машината за перење алишта, сте спремиле вечера, сте испрале садови пет пати итн.

Испробајте го правилото од 5 секудни за мотивација

Не најтешко да ја исполните задачата, туку да се натерате себе си да станете, па затоа барате начини како да се мотивирате.

Обидете се да започнете со обројување на изговорени броеви во својата глава, а кога ќе дојдете до еден, веднаш почнете со работа.

Почнете со мали задачи

Извршете ситна задача поради која ќе се чувствувате барем минимално задоволство – тоа ќе биде поттик за поголеми работи. Очистете ја собата, измијте садови… заборавете веднаш дека не сте ја нашле работата од соништата, не сте прочитале 30 книги во првата половина од годината.

Започнете со местење на креветот – дури и таквата безначајна работа е далеку покорисна од мачењето со деструктивното чувство на вина. Само бидете внимателни бидејќи често се обидуваме да се држиме подалеку од неугодните работи, а таквата самоодбрана само го влошува нашето незадоволство. Обидете се што поскоро да ја завршите тешката задача за да не го поминете остатокот од денот во негативно исчекување.

Премногу обврски

Понекогаш чувството дека не правите ништо е поради фактот дека планирате премногу задачи. Пресипитајте го својот пристап составувајќи листа на обврски. Ставете ги на почеток 3-4 најпотребни задачи, со кои морате да го запончете својот денот.

Потоа внесете што можете да направите доколку имате сила и време. Немојте да мислите дека денес ако не сте стигнале да ги исполните сите задачи, не сте го поминале денот продоктивно. Најбитно е да ја исполните главната листа.

Пристапот на „сѐ или ништо“

Секогаш сетете се на разликата помеѓу „не работам ништо“ и „не работам сѐ што сакав“. Често луѓето стануваат пасивни од мислите дека нема да можат да дадат 100% за да го постигнат идеалниот резултат.

Но, ако денес можете да дадете само 10% – тоа е подобро од ништо. Ценете го тоа што го правите, а не само значајните резултати. И престанете да го бркате совршенството. Без високите очекувања, ќе ви биде полесно да ја започнете било која задача.

Пронајдете хоби

Чувството дека сте мрзливи, бескорисни и дека залудно го живеете животот може да се појави пради некој банален вишок на слободно време. Доколку се чувствувате дека сте спремни да нурнете во уште една егзистенционална криза – пронајдете ново хоби!

Пристуството на редовното хоби ги тргнува на страна многу проблеми во главата. Ова посебно добро фунционира како редовно да учите нешто ново. Не е важно дали е во прашање некаков танц, спорт или нешто слично.

Помогнете им на другите

Овој совет им делува добро на оние кои често се сметаат за бескорисно за било што. Секогаш постојат луѓе кои нема да ја одбијат вашата помош: емоционалната поддршка, финансиската и физичката. За да се пронајдете, доволно е да покажете емпатија, да го тргнете вниманието од проблемот во главата и да видите како другите живеат и се чувствуваат.

За да им помогнете на своите колеги во тешкиот проект, сослушајте ја другарката, учествувајте во работниот ден во заедницата или одете во купување на продукти за постарите комшии. Малите добри дела навистина помагаат повторно да се осмисли животот.

Текстот Седум начини како да престанете да се чувствувате мрзливо е превземен од Reporter.mk.