Секс, дрога и алкохол е понудата на аранжманот на една компанија која ги објави и првите рекламни спотови за одмор на секс-островот кој се наоѓа покрај брегот на Картахена, во северна Колумбија.
Во спотовите, кои добија ознака карактеристична за порно-филмови, се прикажани мажи како доаѓаат да уживаат во оргии и во дрога.
Еден од спотовите прикажува маж кој влегува во вила каде што го чекаат четири девојки на кревет. Во друг спот, пак, разголени девојки се забавуваат на јахта во која се нуди „неограничен секс“. Компанијата „Добри девојки“ на својот сајт објаснува дека на своите клиенти „им овозможува да го живеат животот онака како што отсекогаш сакале и дека на овој начин можат да ги исполнат своите најдиви фантазии“.
За потребите на клиените кои ќе го уплатат аранжманот, компанијата има на располагање 60 проститутки кои на клиентите им се на располагање 24 часа на ден.
Текстот Секс со оргии, дрога и алкохол е аранжманот што го нуди колумбиски остров е превземен од Reporter.mk.