Сексот на плажа не е толку секси

Со оглед на тоа што сме преплавени со романтични филмски сцени покрај море, многумина сметаат дека сексот на плажа звучи навистина секси. Море, плажа, песок,секс…Епа не е баш се така романтино.

 

  1. Песокот секаде се провлекува

Песочните плажи изгледаат како места од бајките кога станува збор за секс, но нештата се многу поинакви во реалноста. Ситни зрна песок можат да се залепат и протнат буквално секаде, притоа предизвикувајќи ви и болка при сексот. Ако случајно навлезат и во гениталиите, тогаш следува уште поголем проблем.

 

  1. Инфекции или да се повредите

Ако во влезе песок внатре во гениталиите, големи се шансите да закачите некоја инфекција што потоа може да ви направи голем број проблеми. Исто така, со оглед на тоа што ќе бидете изложени голи на него, вие се ставате на ризик и од можни повреди на пенисот и на вагината.

 

  1. Сексот на плажа никогаш не е спонтан

Иако филмовите го претставуваат така, вие најпрво мора да проверите дали таму кај што ќе легнете е празно или чисто. Така да ретко кој имал спонтан секс на плажа.

 

  1. Проверивте дали сте сами?

Колку и да мислите дека локацијата што сте ја нашле е пуста, секогаш постојат луѓе што размислуваат на истиот начин како и вие. Доволно е само да погледнете под вашите нозе и да ги видите безбројните ѓубриња што луѓето ги оставаат зад себе, како остатоците од цигари, искршеното стакло… Со оглед на тоа што постојат големи шанси некој да пројде баш покрај вас во темнината, најдобро е да ја префрлите забавата дома.

Текстот Сексот на плажа не е толку секси е превземен од Reporter.mk.