Американската асоцијација на психијатрии официјално потврди дека константното правење на фотографии од себе таканаречено селфи, е психичко нарушување. Ваквото нарушување се нарекува селфитис и се дефинира како опсесивно- компулсивна потреба да се прават селфи фотографии и истите да се ставаат на социјалните медиуми.
На овој начин се прави компензација на недостатокот од самодоверба и задоволување на потребата да им се допадне на другите, велат од асоцијацијата. Постојат на три типа на ваквиот вид на психичко нарушување.
Првиот е раната фаза на селфитис. Објавените фотографиии од самиот себе си ги објавувате најмалку трипати на ден, а не ги објавувате на социјалните мрежи.
Потоа остар селфитис е правење селфи и објавување на сите фотографии на социјалните мрежи и третиот хроничен селфитис, претставува неконтролирана желба да се фотографирате деноноќно и да ги објавувате сите направени фотографии на социјалните мрежи повеќе од шест пати на ден.
Исто така, пред извесно време, експертите изјавија дека со објавувањето на селфи фотографии додека вежбате фитнес или додека трчате, се демонстрира присуство на сериозно психичко заболување нарцизам.
Текстот „Селфито” официјално е признаено за психичко нарушување е превземен од Reporter.mk.