Врховниот суд во Велика Британија ја одби жалбата на шеикот на Дубаи, Мухамед бин Рашид ал Мактум и ги потврди пресудите за старателството над неговите и децата на неговата поранешна сопруга, принцезата Хаји бин ал Хусеин. Шеикот од мај минатата година, е во судски спор со принцезата, за старателство над нивните две деца.
Ендру Мек Фарлан, претседателот на одделението за семејни односи на врховниот суд во Лондон, кој го водеше овој процес, ги донесе двете пресуди во јануари, а сега одлучи тие да бидат спроведени.
Врховниот суд одби да му одобри на шеикот Мухамед да се жали на ваквата одлука.
За потсетување принцезата Хаја која претходно побегна од сопругот, побара од англискиот суд заштита од шеикот. Таа вели дека ја малтретирал и ја принудувал на брак. Покрај заштита, ќерката на покојниот јордански крал Хусеин и полусестра на кралот Абдулах, побарала и целосно старателсто над децата.
Таа веќе подолг период живее во Велика Британија со 11 годишната ќерка Џалила и 7 годишниот син Зајед. Светските медиуми пренесоа дека подолг период се подготвувала за разводот и борбата за старателство над децата.
Многумина сметаат дека шеикот нема така лесно да крене раце и дека парите нема да бидат никаков проблем. Тој е петтиот најбогат монарх во светот. Неговото лично богатство се проценува на нешто повеќе од 13 милијарди фунти.
Текстот Шеикот од Дубаи ја губи битката за старетелство врз своите деца е превземен од Reporter.mk.