Џинсот е секогаш во мода, иако моделите на фармерки постојано се менуваат. Оваа година ќе преовладуваат шест тренови на фармерки, велат стилистите.
1. Избелени фармерки
Во осумдесеттите години од минатиот век овој модел на фармерки беше клучен симбол за младешки стил. Сега, по толку години, повторно се враќаат во мода.
2. Фармерки со големи копчиња
Можеби копчињата не се толку згодни колку патентот, но дефинитивно се модерни. Можете да изберете фармерки во разни бои и модели, но нека имаат копчиња за да бидете тренди.
3. Фармерки со широки манжетни
Доколку фармерките ви се предолги, немојте да ги кратите или сечете. Манжетните се еден од најактуелните трендови во 2019 година. Колку се манжетните поголеми, толку подобро.
4. Фармерки со низок струк
Фармерките од раните 2000-ти години сега се повторно во мода. Одлично им прилегаат на девојките со рамен стомак. Можете да ги комбинирате со некој асиметричен топ, кратка јакна или болеро. Исто така можете да изберете долга тесна бела или црна блуза, која ќе го нагласи рамниот стомак.
5. Фармерки со додаток во боја
Тоа можат да биде голем, впечатлив принт или апликација од потполно поинаков материјал само на едната ногавица. Тексасот со еден многу специфичен детаљ на себе секогаш привлекува внимание.
6. Широки фармерки
Според стилистите, тесните фармерки веќе не се во мода. Слободните кроеви и ѕвонарките што почнуваат од самите колкови, се вистински хит. Правилото е многу едноставно: колку ногавиците на фармерките ви се пошироки, толку вашиот изглед е потренди.
Текстот Шест хит модели на женски фармерки за ова лето е превземен од Reporter.mk.