Шест навики што ќе ве направат посиромашни

Постојат неколку навики кои влијаат на вашата сметка во банка. Време е да ги смените.

Живот на кредит

Една работа е сериозното прашање како што е хипотеката, што може да се смета за инвестиција во иднина. И сосема друго – купувањето нов Ајфон на кредит: тоа е расфрлање без стратегија и обид да се убедите себе и сите околу себе дека тоа можете да си го дозволите (или не). Навистина е жалосно ако сте успеале да земете неколку кредити и речиси сè што ќе заработите ќе оди за плаќање на каматата.

Желба за заштеда

Разумната потрошувачка е прекрасна навика. Но, ако денес сте заштедиле на забар, припремете ги парите за уште поскапи импланти во наредните месеци.

Живот од плата до плата

Финансиски компетентната личност има барем мала „стратешка резерва“ на банкарската картичка. Секогаш.

Завист

Можете да се грижите за тоа како другите заработуваат повеќе. Но, помудро е да поминете повеќе време постигнувајќи свои успеси.

Самосожалување

Колку почесто си повторувате колку ви е тешко во моменталните финансиски услови, ќе ви биде уште потешко – сами ќе се „програмирате“ себеси за уште еден дебакл.

Мрзеливост

Многу сиромашни луѓе можат да патат со денови на каучот поради недостаток на средства. Од некоја причина, не им паѓа на памет да станат од софата и да пронајдат друга работа за викендот.

Текстот Шест навики што ќе ве направат посиромашни е превземен од Reporter.mk.