Наездата од комарци со која се соочуваат скопјани предизвика многу реакции на социјалните мрежи. Хит на „Фејсбук“ стана сликата на која градоначалникот Петре Шилегов е облечен во костим на суперхерој, а го доби прекарот Москитомен (човек комарец). По теркот на суперхероите на „Марвел“ и „Ди Си комикс“ и тој доби херојски костим во зелена боја и со крилја.
Претходно и твитерџиите на хумористичен начин му кажаа на Шилегов што мислат за начинот на кој се справува со проблемот со комарците.
Текстот Шилегов Москитомен е превземен од Reporter.mk.