Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“ изјавија дека причината за смрдеата е нехигиена во еден од становите.
Тие забележале мноштво употребувани пелени со измет, а пак, под скалите во зградата каде престојувал бездомник имало 10-ина шишиња полни со урина.
Неофицијално, мирисот во станот е од амонијак. Станарите чекале шест часа пред своите домови, а истовремено, полицијата, Противпожарна екипа и брзата помош заминале на терен.
Жителите од зградата на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, беа евакуирани по пријава дека во влезот почувствувале силна миризба и печење на очите.
Текстот Шишиња од мочки и пелени со измет евакуираа зграда во Аеродром е превземен од Reporter.mk.