Геометриски, со точки, мрежести, со животинска шара… кои се вашите омилени?
Кога е во прашање модата, есента на многумина претставува омиленото годишно време, поради преубавите комбинации на фустани, капути и чизмички.
Со ваква комбинација од неколку практични причини (за да не ни биде ладно) носиме хулахопки, но оваа година ти се толку популарни што доаѓаат во преубави дезени, така што можете да дозволите најлонските чорапи да бидат главната ѕвезда во вашите комбинации!
Неодоливите точки
Овој дезен на хулахопки е популарен веќе неколку сезони, а најчесто се носи како дел од отмените и нежни комбинации, со обѕир на тоа дека во секој стајлинг дава нота на нежност и романтичен изглед.
Пепито
Впечатливиот геометриски дезен кој во последните сезони г0о гледаме на капутите и пантолоните, сега е достапен и на хулахопките. Толку е ефикасен што без сомнеж може да ја
„носи“ целата комбинација.
Ситна мрежичка
Мрежестите хулахопки се популарни со децении наназад, особено поради волшебниот ефект кој го даваат при визуелното отстранување на евентуалните недостатоци на нозете. Оваа сезона најпопуларна ќе биде што поситната мрежичка, а тука се и оние кои се украсени со циркони или впечатлив раб.
Животински дезен со впечатливи бои
Љубителките на овој доминантен дезен имаат причина да се радуваат – сега се вистински хит хулахопките со ефектни бои, преку кои се разливаат препознатливите шари на леопард, тигар, зебра… изгледаат толку моќни што луѓето нема ни да приметат што друго освен нив сте облекле.
Текстот Шизички хулахопките за секоја комбинација е превземен од Reporter.mk.