Шпанците најсреќни, а Македонците меѓу најнесреќните нации во светот

Според податоците на здравствениот индекс на „Блумберг“ за 2019 година, Македонија се наоѓа на 56. место на најсреќни нации во светот, односно последна од сите балкански земји.

На оваа листа за најздрава нација во светот се смета Шпанија. Во топ 10 земји на оваа листа се наоѓаат Италија, Исланд, Јапонија, Швајцарија, Шведска, Австралија, Сингапур, Норвешка и Израел.

Од земјите во регионот, најздрави се Словенците. Тие се на 24. место, додека Хрватска е на 31. место. Црна Гора се наоѓа на 41. место, а потоа следат Босна и Херцеговина и Албанија. Србија се наоѓа на 55. место во светот.

Забележливо е дека првите две места ги делат медитеранските држави Италија и Шпанија. За нив експертите веруваат дека за неколку децении, овие земји ќе ја претркаат Јапонија по очекуваниот животен век, кој во 2040 година се очекува да биде во просек 87,5 години.

Експертите велат дека од Шпанците треба да се преземе нивниот медитерански начин на исхрана. Поради начинот на исхрана, тие се сметаат како нација која нема проблем со тежината. Богатството на маслиново масло, рибите, како и овошјето и зеленчукот имаат голем ефект врз здравјето.

Шпанците, како и Италијанците, јадат најмалку црвено месо и фабрички преработена храна. Од психолошки причини за долг и здрав живот, експертите ги наведуваат и силните семејни врски и вредности кои на подрачјето на Медитеранот се значително јаки, во однос на Северниот дел на Европа.

Тоа е особено важно за постарата популација, затоа што дедовците и бабите кои минуваат многу време со своите внуци во просек живеат подолго и поисполнети, а и помалку се осамени. Шпанците не користат многу автомобили. Дури 37% од нив одат пеш или возат велосипед, додека 52% од луѓето возат автомобили.

Пешачњето им е омилена рекреација и повеќе го сакаат од одењето во фитнес-сала, што говори и за важноста на движење на отворено и значењето за здравјето, пишува Reader’s Digest. Шпанците не се врзани за своите каучи, затоа што само 7% од нив седат повеќе од 8,5 часа дневно, за разлика од 26% од Американците, кои тоа редовно го прават.

Текстот Шпанците најсреќни, а Македонците меѓу најнесреќните нации во светот е превземен од Reporter.mk.