Шпанецот кој се шегуваше дека рециклира додека фрлаше фрижидер од карпа, доби казна од 45.000 евра и наредба од шпанските власти да се симне и со помош на раце да го врати назад.
Во видеото кое на „Твитер“ го објави локалната полиција се гледа како неидентификуван маж фрла фрижидер преку ограда на пат во клисура во Алмерија во југоисточниот
дел на земјата и потоа се враќа во комбето.
Во видеото од полицијата се гледа како двајцата мажи се мачат да го вратат назад фрижидерот. Според Си-ен-ен, се слуша како човекот во видеото на шпански јазик разговара со тој кој го снима видеото и вели „рециклирање, ајде да рециклираме“.
Полицијата подоцна на „Твитер“ објави дека го пронашла човекот, и покрај казната му наредилe да се врати на местото, да го земе фрижидерот и прописно да го фрли.
Портпаролот на полицијата изјави дека се чека одлука од судот дали ќе има обвиненија против човекот за „еколошки криминал“. Исто така, и компанијата за управување со отпад во која е вработено лицето ќе добие казна, бидејќи не успеале прописно да го складираат стариот фрижидер.
Текстот Шпанецот што фрли фрижидер од карпа доби казна од 45 илјади евра и наредба со раце да го врати назат е превземен од Reporter.mk.