За почеток, ова и не е така лошо.
Ако мажот е близок со својата мајка, ги почитува сите жени и нивните мислења. Од друга страна, секогаш е тешко и тажно кога човек не е во состојба да направи ниту еден чекор без родителите. Против тоа морате да се борите, а еве и како!
Не подлегнувајте на неговите провокации, убедувања и барања
Мамините синови се однесуваат со жената како да им е мајка: т.е. очекуваат дека ќе им попуштате во сè и ќе ги задоволите сите негови барања. Запрете го тоа веднаш. Објаснете му дека не сте му мајка и дека нема да собирате чорапи по него низ станот. Покажете карактер. Со мајката можете да се однесува како петгодишно дете, но со вас тоа однесување нема да успее. Упорно занемарувајте ги сите негови провокации.
Не согласувајте се да живеете заедно со неговата мајка
Преселбата во нејзината куќа е лоша идеја. Живеењето под ист кров не може да го избегне семејното недоразбирање, ситните кавги и другите потешкотии. На вас во оваа ситуација ќе ви биде понепријатно повеќе од на кого било: на крајот на краиштата, вашиот маж секогаш ќе ја зазема страната на својата мајка. Секогаш вие ќе бидете виновни. Ако сè уште не можете да си дозволите сопствено живеалиште, а неговата мајка срдечно ве поканува, учтиво одбијте ја. Одложете ја идејата да живеете заедно додека финансиски не сте спремни за тоа.
Избегнувајте расправии со неговата мајка
Ваша задача е неговата мајка да ја направите сојузник, а не непријател. Затоа не напаѓајте ја со обвинувања и приговор и не одбивајте да комуницирате со неа, љубезно сослушајте ги нејзините совети и не вообразувајте се на нејзините замерки. Ако ве посетува еднаш месечно – не е проблем, но ако сака и вас да ве посетува секој ден – мирно известете ја дека посетите мораат да бидат одложени.
Не дозволувајте свекрвата да одлучува место вас
Едно е кога мајката сака да го изрази своето мислење и на понуди мудри совети. А сосема друго е кога таа одлучува наместо вас. Никогаш немојте да дозволите неговата мајка да се меша во вашиот однос. Големи набавки, родителство, одмори и посебно недоразбирања – за ваквите прашања треба да одлучите само вие и вашиот избраник.
Текстот Што да правите ако вашиот маж е „мамин син“ е превземен од Reporter.mk.