Иако кралицата Елизабета Втора наполни 92 година таа изгледа одлично, а медиумите ја открија тајната за нејзината топ-форма.
Имено, кралицата на 92-годишна визраст изгледа одлично и потполно здраво, а причината за тоа се наоѓа во нејзината исхрана.
Медиумите неодамна открија што јаде во текот на денот за да биде во одлична форма.
Појадок:
Кралицата за појадок секогаш јаде корнфлекс, а според многумина, тоа е храна само за деца, но не и за 91-годишна жена, а освен тоа таа јаде и овошје или кајгана со лосос.
Ручек:
Поранешниот шеф на кралската кујна Овен Ходжсон открива дека кралицата често јаде печурки и сендвичи со туна со свежа краставица и пиперка.
Вечера:
Кралицата често за вечера јаде риба со салата, додека за десерт обожава чоколадо, а често сака и да пие чај додека јаде чоколаден колач.
Според зборовите на поранешниот шеф во кујната на кралицата, таа често ги избегнува компирите, тестенините и оризот.
Текстот Што јаде кралицата за појадок, ручек и вечера е превземен од Reporter.mk.