Што ќе се случи со вашето тело, ако престанете да јадете бел леб?

Илјадници блогери секојдневно раскажуваат за тоа како им се променил животот откако престанале да јадат намирници кои во себе содржат брашно. Имено, резултатите се запрепастувачки, а дел од нив се: разубавен тен, намалена тежина, наполнети батерии со енергија.

Но сепак, дали сето тоа е вистина?

 

Нема никакви сомнежи околу тоа дека интегралниот леб, како и од пецивата од ‘рж и овес се многу корисни за организмот. Затоа не е никакво чудо што човекот може доста долго да преживее само конзумирајќи црн леб и вода. Меѓутоа, со белиот леб е сосема поинаква приказната. Сето тоа е поради тоа што брашното почнало индустриски да се произведува во 20-тиот век и неговиот квалитет значително се намалил. Затоа ви препорачуваме да го изоставите од исхраната лебот  кој се прави од бело брашно. А, ќе ви објасниме и зошто.

Причина број 1: Бескорисен производ

Пченичното зрно во почетокот е многу богато со витамини, но при процесот на преработка на зрното и неговото претворување во брашно, сите негови корисни својства едноставно исчезнуваат. Потполно преработеното бело брашно содржи само околу 30% корисни супстанци, кои после две недели престануваат да бидат активни.

Причина број 2: Одсуство на вкус

Признајте дека белиот леб нема вкус. А всушност, затоа многумина и го обожуваат. Не им смета да го почувствуваат вкусот на другите намирници кои ги јадат заедно со него – месо, супи, сирење. Меѓутоа, белиот леб не ги ни подоброува, како што е случај со производите од интегралното брашно.

Причина број 3: Токсичност

Раснењето на пченицата во современиот свет достигнало огромни размери. Со цел побрзо да израснат, но и да ги има во што поголем број, таа е полна со пестициди. За да можат да се решат од разно-разните штетници, производителите ја третираат со разни хемиски препарати, но во глобала е битно она што ги чека понатаму во текот на производството.

За да биде брашното бело, производителите користат исти супстанци за избелување, кои ние ги користиме за перење: бензоил пероксид, натриум и калциум пиросулфат, како и хлор диоксид. Затоа секогаш треба да се утврди од какво брашно е направен лебот: рафинирано или органско. Рафираното брашно е она кое го изминува погоренапишаниот пат.

Причина број 4: Осип на кожата

Ние сме тоа што го јадеме. Ако во исхраната воведете разни видови на производи од брашно, тоа сигурно ќе се одрази врз вашата кожа. Осипот на кожата е најчестиот резултат на глутен (пченичен композитен протеин) кој се наоѓа во лебот.

Практично, глутенот не се излачува од организмот и се таложи врз цревните ѕидови, така што со текот на времето ја нарушува функцијата на апсорбирање на корисните материи. И затоа, пред да одите повторно кај козметичарот, размислете околу својата исхрана.

Причина број 5: Проблеми со варењето

За ова повторно ќе го „обвиниме“ глутенот кој го нарушува интегритетот на ќелиите во цревата и со тоа предизвикува бројни проблеми кај системот за варење. Лебот направен од целото зрно содржи елемент кој е многу важен за чоечкиот организам – целуоза. А нејзе во производите од „висококвалитетното брашно“, практично ја нема.

Само 5-6 парчиња интегрален леб во денот се доволни за да ви ја обезбеди дневната потреба за целуоза. Ако сакате да ја задоволите таа потреба конзумирајќи овошје и зеленчук, тогаш морате да изедете 14 јаболка или 21 морков или 25 домати или 2,3 кг краставици.

Причина број 6: Предвремено стареење

Сосема е јасно дека целиот состав на белиот леб е само празна храна, всушност тој е само производ сосема лишен од хранливите материи. Кога живеете на храна во која ги нема потребните витамини, нашиот организам не може да  одржи свежина и младост. Заради тоа, љубителите на тестото обично изгледаат постари од она што се.

Причина број 7: Зависност

Многу е лесно да се стекнете со зависност од белиот леб. Белото брашно застрашувачки брзо ослободува шеќер во крвотокот, а последицата од тоа е ослободувањето на хормонот инсулин.

Ако сте приметиле нагли промени во нивото на шеќер во крвта, како нагло пораснување на нивото по изедено парче пециво и потоа негово брзо опаѓање, тогаш дефитивно сте во ризик од дијабетес. Бидејќи наглите скокови на нивото на шеќер во крвта можат да доведат до таа состојба.

Причина број 8: Прекумерна тежина и дебелина

На многумина оваа причина им е доволна и пресудна за да се откажат од пецивата. Повеќе од 70% луѓе кои сосема го исфрлиле лебот од исхраната, во првите две недели после тоа изгубиле на тежина. Сто грама бело брашно содржи само 0,6 грама целуоза, а остатокот на неговиот состав се таложи во бутовите и стомакот, во форма на масни наслаги.

Лебот има поголем глихемиски индекс отколку една табла чоколадо, а скробот кој се наоѓа во пекарските производи, брзо се разложува во дигестивниот тракт и влегува во крвотокот како глукоза. Сето тоа значи дека повторно ќе почувствувате глад.

Бидете внимателни и секогаш внимателно проучувајте го составот на производите кои ги купувате.

Дали сте спремни да се откажете од белиот леб?

Текстот Што ќе се случи со вашето тело, ако престанете да јадете бел леб? е превземен од Reporter.mk.