Што треба да знаете пред да им дозволите на постарите деца да ги чуваат помладите

Од кога постарите браќа и сестри можат да почнат да се грижат за помладите? Како и кај многу други прашања поврзани со децата, ни ова нема точен одговор. Но, постојат работи што може да ги направите за полесно да донесете одлука кога да им дозволите на децата да се чуваат сами.

Според психолозите, најоптималната граница е 12 години. Меѓутоа, староста не е најважното одредиште. Секој од нас познава случаи каде што, на пример, 9-годишно дете е поодговорно од 13-годишното. Овде индивидуалните фактори се одлучувачки. За да можете подобро да ја процените ситуацијата, одговорете на овие 5 прашања кои треба да си ги поставите себеси пред да ја донесете конечната одлука.

Дали постарото дете се чувствува спремно за тоа и дали сака тоа да го направи?

Психолозите нагласуваат дека децата често се заробени во улоги во кои не сакаат да бидат. Понекогаш сакаат да се искажат пред своите врсници, браќа и сестри, како и пред своите родители. Не заборавајте да не им вршите притисок на децата – ниту намерно ниту ненамерно. Ако го терате детето да направи нешто, тоа може наместо забава, да му стане мачење, а тоа може да резултира со тоа што детето ќе избегнува одговорност во понатамошниот живот.

Дали помалите деца ќе ги слушаат постарите?

Понекогаш помладото дете не е спремно за таков предизвик. Проблемот е недоволниот авторитет што постарото дете го има над помалото. Ако помалото дете не слуша и не чувствува авторитет спрема својот постар брат или сестра, подобро е добро да размислите пред да го оставите дома.

Што треба да направите доколку не сте сигурни? Прво, треба внимателно да ги следите односите што преовладуваат меѓу вашите деца. Потоа, разговарајте со нив. Прашајте ги помладите деца сигурно ќе ги слушаат постарите. Прашајте ги дали се согласуваат. Ако го занемарите ова, наместо да работите заедно, ќе има плачки, кавги, па дури можно е да дојде и до борба.

Колку долго ќе трае тоа?

Применете ја методата на ситни чекори. Првиот пат не ги оставајте децата сами повеќе од еден час. Во идеален случај, направете тест и оставете ги барем на 30 минути. После неколку успешни обиди, одлучете се за подолго излегување. Исто така, не заборавајте да го наместитете точното време на враќање дома и држете се до тоа. Ова ќе им даде сигурност на децата. Не заборавајте да бидете точни и не ја злоупотребувајте нивната доверба!

Дали сите правила на однесување се јасни?

Упатствата што ќе ги оставите на вашите деца, треба да бидат јасни и прилагодливи за нивната возраст. Најдобро е најпрво да разговарате заедно околу сѐ, а потоа напишете ги најважните правила на парче хартија кое ќе го оставите на видливо место.

Дали имам кому да му се обратам за помош?

Дури иако сите одговори на горенаведените прашања да се позитивни, сепак не смеете да ја исклучите итната ситуација. Замолете го комшијата брзо да провери што се случува со вашите деца. Запомнете дека никогаш не смеете да ги оставате децата без пристап до телефонот. Тие секогаш треба да бидат во состојба да ве повикаат ако се соочуваат со било каков проблем.

Текстот Што треба да знаете пред да им дозволите на постарите деца да ги чуваат помладите е превземен од Reporter.mk.