Шведска повторно го отвори случајот со силување против Асанж

Шведското обвинителство повторно го отвори случајот против основачот на „Викиликс“ Жулијан Асанж за наводното силување. Ова го објави шведскиот заменик на државниот обвинител Ева Мари Персон на конференција за новинари во Стокхлом.

Пред четири години Шведското обвинителство соопштило дека се откажале од истрагата против основачот на „Викиликс“ за два случаи за сексуален напад поради застареност.

Со ваквата нова одлука на шведското обвинителство, сега на американските служби ќе им биде потешко да го добијат Асанж во нивната земја. На Британците останува одлуката дали Асанж ќе биде испорачан во Шведска или САД. Асанж минатиот месец беше уапсен во Лондон, откако амбасадата на Еквадор реши да му го укине азилот.

 

Текстот Шведска повторно го отвори случајот со силување против Асанж е превземен од Reporter.mk.