Заменик директорот на шведското јавно обвинителство Ева-Мари Персон, изјавила дека обвинителството во Шведска нема да се жали на судската одлука со која се одбива формалното барање, основачот на „Викиликс“ Жулијан Асанж биде задржен во притвор, поради истрагата за наводите за силување.
Со издавањето на налогот за апсење, би се дозволило барањето за испорака се достави на Велика Британија, нешто од што сега се откажуваат властите во Шведска.
Персон изјавила дека обвинителот во моментов се фокусира на проценката на докази во истрагата со држење на комплементарни интервјуа. Претходно во јуни, Окружниот суд во Упсала, изјавил дека притворот на Асанж не е предуслов за продолжување на истрагата.
Асанж во моментов веќе 50 недели престојува во затворот во Лондон поради кршењето на условната казна за кауција, кога побарал азил во амбасадата на Еквадор во Лондон, за да го избегне испорачувањето во Шведска, поради споменатото обвинување за сексуално злоставување.
Шведска во 2010 година отворила истрага против Асанж поради наводно силување. Основачот на „Викиликс“ ги негирал сите обвинувања за да го избегне испорачувањето на Шведска во 2012 година. Тој се засолнил во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде добил политички азил.
Откако азилот му е укинат, Асанж е уапсен, а неговото испорачување покрај шведска побара и САД.
Текстот Шведска се откажа од барањето за испорка на Жулијан Асанж е превземен од Reporter.mk.