Главниот шведски епидемиолог Андерс Тенгел, чија идеја и стратегија беше земјата да не се затвори поради пандемијата со коронавирусот, призна дека требало да се воведат повеќе рестрикции, за да се спречи ширењето на Ковид-19.
Тегнел со месеци го бранел својот пристап како одржлив, истовремено криткувајќи ги другите земји поради нивните преголеми рестриктивни мерки. Тој во интервју за шведско радио му призна на водителот и јавноста дека премногу луѓе починале во земјата, пренесува Би-би-си.
„Кога сега би се соочиле со истата болест, со она што денес го знаеме, мислам дека би се наоѓале некаде меѓу она што го направи Шведска и она што го направи остатокот од светот“, изјавил Тегнел.
Шведска ја има најголемата стапка на смртност по глава на жител од коронавирус во светот. Во земјата починаа повеќе од 4400 луѓе, додека во соседните земји, Норвешка, Данска и Финска, поединечно имаат помалку од 600 жртви.
Текстот Швеѓаните ја признаа грешката во борбата против коронавирусот е превземен од Reporter.mk.