Во текот на денешниот ден времето ќе биде променливо облачно и нестабилно особено во претпладневните периоди кога се очекува на повеќе места да започне да се развива нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
Невремето ќе биде проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
Кон крајот на денот ќе започне да дува северен ветер особено на северот од државава.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.
И во текот на утрешниот ден особено во претпладневните часови на повеќе места ќе има појава на дожд и грмежи, а не се исклучува можноста и за локална појава на град.
Ќе дува умерен ветер долж Повардарието и на југоисток повремен засилен ветер од северен правец додека маскимумот на температурата на воздухот ќе се искачува во интервал од 23 до 31 степен.