Сини аксесоари за совршен стајлинг

Класична сина, како што популарно ја нарекуваат, е една од најпосакуваните бои ова лето.

Со својата суптилност нè приближува до морето и преубавите песочни плажи, ни ја пренесува морската убавина и во нас буди чувство на спокој. Сината боја носи некоја ладовина во себе, сосема доволно да нè разлади во текот топлите летни денови. Што ни носи со себе во поглед на облекувањето?

Денес вниманието го насочивме кон сите додатоци во класична сина боја без која вашиот стил нема да биде комплетен. Ќе се ви откриеме како со леснотија да ја истакнете својата убавина со сините детали, во вид на накит, чанта, шешир и препуштете се на летните активности.

Класични сини торби

Неизоставен детаљ која секоја личност треба да го има со себе каде и да се појде. Торбите во класична сина боја ова лето се изразени и тоа не само кога бојата и обликот се во прашање. Посебно се креирани како оваа интензивна боја би можела да дојде до израз. Дали се мали или големи, тие се без претерани детали, а сепак се доволно атрактивни сами по себе. Совршени се за дневни и вечерни варијанти, сините торби одлично се сложуваат со посветлите тонови – белите, сребрените, кремастите и сивите.

Накит

При носењето на накит со класичната сина боја, можете да бидете слободни при сите варијанти, освен во случајот со обетките, кои не треба да бидат пренагласени, односно преголеми, затоа што би можеле да ве направат премногу бледи. Сите други варијанти се и повеќе отколку пожелни, затоа што на неверојатен начин го нагласуваат вашиот стил и ја прават вашата појава сензуална.

Текстот Сини аксесоари за совршен стајлинг е превземен од Reporter.mk.