Дијамантот Хоуп (Надеж) е редок син дијамант и е една од најпознатите светски драгоцености. Минал низ рацете на неколку владетели, банкари, наследници и арамии, пред да биде изложен во музеј во Вашингтон.
Геолошкото минато на дијамантот е сложено, изјавиле научниците во средата.
Тие анализирале 46 сини дијаманти, вклучувајќи го и дијамантот од Јужна Африка, кој во 2016 година е продаден за 25 милиони долари. Утврдиле дека дијамантите се создаваат на длабочина од најмалку 660 километри. Мали минерални фрагменти заробени во тој дел од Земјината кора оставаат траги на местото каде што се создаваат дијамантите.
Сините дијаманти чинат само 0,02% од ископаните дијаманти, но припаѓаат на најпознатите светски драгоцености.
Дијаманти се состојат од чист јаглерод и настануваат на огромна температура и притисок. Синиот дијамант се кристализира од минералите кои содржат вода и пред многу години биле дел од морското дно. Сега се потиснати во длабочините поради движењето на големите тектонски плочи кои ја обликуваат површината на Земјата.
Научниците веќе знаеле дека дијамантите сината боја ја добиле благодарение на елементот бора. Најновата студија покажа дека бората некогаш се наоѓала во океанското дно, до карпите, кои со текот на милионите години се втистнале во длабоките слоеви на Земјата.
„Ова е првпат некој да дојде до приказната темелена на факти, за настанувањето на синиот дијамант. Пред оваа студија немавме идеја каде и како се обликуваат и во какви карпи се формираат. Ниту, пак, имавме претстава каде можат да го добијат борот“, изјавил Еван Смит, научник од Американскиот геолошки институт, кој го водел истражувањето објавено во списанието Nature.
Повеќето дијаманти не се целосно безбојни. Поголемиот дел од нив се со блага нијанса на жолта боја. Иако се ретки, некои имаат истакнати нијанси. Се забележуваат жолтата, кафеавата, зелената или розовата боја. Околу 99 проценти од дијамантите потекнуваат од геолошки слоеви, на длабочина од околу 145 до 200 километри. Помала длабочина од сините.
Освен дијамантот Хоуп, на изложбата во Природнонаучниот музеј „Смитхсониан“ уште еден син дијамант е наречен Openheimer Blue. Тој во 2016 година е продаден за 57.5 милиони долари, што претставува најголема цена за кој било скапоцен камен откриен во историјата.
„Тие дијаманти се пронајдени во досега најдлабоките слоеви на Земјата“, изјавил научникот Стивен Шири од Институтот за наука „Карнеги“ во Вашингтон.
Текстот Синиот дијамант една од најретките скапоцености на Земјата е превземен од Reporter.mk.