Во Македонскиот народен театар во тек се подготовките на современата комедија #ТикTак, која се работи по мотиви од филмот TOC TOC (Trastorno Obsesivo Compulsivo, што во превод од шпански јазик значи Опсесивно-компулсивно нарушување) на францускиот писател Лорен Бафи и шпанскиот режисер Висенте Виљануева, а со адаптација и во режија на Синиша Евтимов. Преводот на текстот го направи Благоја Бошковски. Во претставата играат Јордан Симонов, Александар Микиќ, Николина Кујача, Оливер Митковски, Сашка Димитровска, Тања Кочовска и Александар Михајловски.
Во реализација на претставата се вклучени и сценографката Илина Ангеловска и костимографот Александар Ношпал. Извршен продуцент е Виктор Рубен, инспициент е Никола Кимовски, а суфлер е Тања Ивановска.
Премиерата на #ТикTак е закажана за 16 мај на малата сцена во МНТ. Поради експлицитните реплики кои се употребени во текстот, претставата е наменета за возрасна категорија +18.
Текстот Синиша Ефтимов ја спрема претставата #ТикTак е превземен од Reporter.mk.