Исмаел Замбада – Ел Мајо синот на некогашниот најмоќен нарко-шеф Хоакин Гузман Ел Чапо кој остатокот од животот ќе го мине во затвор, е тешко болен, пишуваат американските медиуми.
По одлуката на судот Ел Чапо да биде прогласен за виновен, Исмаел сега ја превземал неговата улога со раководењето на најмоќниот нарко картер „Синалоа“.
Брјус Бигли експертот за мексиканските картели од Универзитетот во Мајами, истакнува дека затворањето на Ел Чапо нема да ја спречи секојдневната продажба на дрога и нејзиниот транспорт од Мексико во САД.
„Со или без Гузман, линијата на подмитување и корупција се проширува во секоја политичка партија на сите нивоа на мексиканската Влада“, вели Бигли.
Реј Донован, специјалнот агент на американската агенција „ДЕА“, предупредува дека картелот „Синалоа“ сеуште го снабдува поголемиот американски пазар со дрога.
„Синовите на Ел Чапо напредуваа во редовите на картелот „Синалоа“ и го превземаа неговиот дел од организацијата“, вели Донован.
Новиот шеф Замбада дозволил поголема автономија на помалите организации поврзани со картелот – „Картелитос“, кој ги има 120 на број, поради кои властите имаат тешкотии во следењето на патот на дрогата.
Замбада во седумдесетите години полициските експерти го сметаа за последниот мексикански нарко-бос. Него во картелот „Синалоа“ го ценат премногу ѝ му веруваат. Но, Замбада е болен и ако наскоро умре или биде фатен, тоа сериозно ќе го оштети моќниот картел.
Синовите на Ел Чапо се неискусни во оваа рабтоа. Добри сè само во трошењето на парите на татко им, но едвај сè способни да го водат картелот, тврдат полициските агенти.
„Синалоа“ има застрашувачки соперник. Станува збор за картелот „Жалиско“, картел на новата генерација, која è една од најбрзите растечки нарко-организации на светот.
Според проценката на американската полиција, водачот на тој картел е Рубен Осегуер Сервантес, познат и како Ел Менчо.
Доколку Замбада брзо замине од местото на шеф на „Синалоа“, ќе избие вистинска војна за неговиот наследник. Полициските експерт велат дека оваа војна може да предизвика да дојде до многу мртви. Тие велат дека во тие моменти ќе стане крвопролевање низ Мексико.
Експертите велат дека секогаш кога ќе дојде на смена на чело на картелот, доаѓа до големи војни, сè додека некој од нив не сè зацврсти доволно за да може да ја превземе власта.
Текстот Синот на Ел Чапо е тешко болен, ќе се бира нов нарко-шеф е превземен од Reporter.mk.